(ВИДЕО) Падна градба покрај пат во Сингапур – има загинати и повредени

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Еден човек загина, а 10 се повредени при уривање на дел од градбата која се градела на еден пат во североисточниот дел на Сингапур.

Инцидентот се случи во петокот рано наутро. Причината за уривањето е привремена конструкција која ги поддржува и крева елементите, кои биле покрај патот.

На местото работат неколку десетици спасители кои бараат затрупани работници. Меѓу повредените се државјани на Бангладеш, Индија и Кина.