Документи откриваат дека Ангела Меркел и Олаф Шолц биле предупредени за опасноста од немирите во Хамбург

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Идејата за спроведување на средбата на Г-20 во Хамбург беше на канцеларот на СРГ Ангела Меркел (ХДЗ), но беше поддржана и од градоначалникот на северниот град Олаф Шолц (СПД).

Двајцата сакаа да кажат дека Хамбург е космополитски и слободен град, но сметките им се покажаа сосема други.. Документи откриваат дека службите упатиле јасни и категорични предупредувања за опасноста од ескалација на насилства – токму тоа и подоцнао се случи, пишува гманскиот ервесникот Focus.

“Градската средина и силната левичарска екстремистичка сцена го претворијат Хамбург во соодветно место за судири со екстремисти од земјата и странство”, предупредиле во посебен извештај претставниците на Федералната служба за заштита на Уставот и Федералната криминална служба.

Во текстот се посветува особено внимание на населбата Шванцен. “Овој кварт е центар на активност и локација на левичарски екстремисти / автономисти, кои се со добро изградена мрежа во Германија и Европа, и ја гледаат златната можност да го поврати својот углед”.

Ова ќе се случи преку “масовни протести”, се вели во извештајот на службите.
И во Министерството за внатрешни работи во Берлин знаеле за ризиците. Ова е потврдено од страна на бројни цитати од политичари и експерти пред самитот.

Федералниот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер сам призна дека “ценат дека има потенцијал на насилство во Хамбург до над осум илјади екстремисти од земјата и странство”.

Додека Олаф Шолц им даде гаранции за безбедноста на граѓаните, експертите предупредија за опасноста од ескалација на насилство.

“Ризиците се потценети”, коментира за изданието Ханс-Герд Јашке, професор по менаџмент на безбедноста на Универзитетот за економија и право во Берлин