Сите прогнози за развој на ситуацијата во Појасот Газа се влошени, состојбата забрзано станува се полоша, соопштија Обединетите нации.

БДП во Газа е намален, здравствената заштита е се полоша, а потребите за клиниките, лекари и болниците не се задоволени. Тим на ОН објави извештај за социо-економскиот статус, деценија откако Хамас презеде власт во тоа подрачје.
Според нив во 2020 година нема да е можен животот во Газа. Благодарение на мисијата на ОН за образованиете се уште функционира, но учениците намаат доволен број часови, се предупредува во извештајот.
Драматична е и ситуацијата со водоснабдувањето. Инфраструктурата не се обновува со динамика што задоволува, а најлоша е ситуацијата со испораката на електрична енергија, наведуваат ОН.
– Газа не се развива, напротив трендот е спротивен и тоа многу брзо отколку што мислевме, вели Роберт Пипер, координатор на УНРВА. Во извештајот се повикуваат Палестинската управа, Хамас, Израел и меѓународната заедница да преземат мерки за да се промени тој тренд.