Во поплавите на Индија загинаа 85 лица, загрозени 2,5 милиони

од desk2
86 прегледи

Поплавите во североисточна Индија се влошија, оставајќи 85 смртни случаи, а загрозија речиси 2,5 милиони луѓе во последните седмици, соопштија надлежните во петок.


Најмалку 40 смртни случаи се од давење, лизгање на земјиште и куси спооеви во поплавите предизвикани од монсунските дождови во Асама од средината на јуни, соопшти кризниот штаб.

Деветнаесет луѓе загинале во соседната држава Аруначал Прадеш, меѓу кои 14 сленови на исто семејство затрупани под излизгано земјиште. Локалните медиуми јавуваат и за смртни случаи во државите Манипур и Мизорам.

Вкупно 85 луѓе настрадаа во поплавите кои зафатија 58 области на североистокот на земјата изјави министерот надлежен за таа област.

Дака вели дека ситуацијата со поплавите е влошена во Асама, додека 35 од 50 жртви се во таа област во последните десет дена.

„Најмалку 1,7 милиони луѓе и 2.500 села се загрозени, вклучително и они кои се раселени, одсечени од светот и имаат штета на имотот и посевите. Речиси 30.000 бескуќници најдоа засолниште во 382 логори за помош“, вели Дака.

Најголемиот национален парк во Асама, Казиранга, кој е најголемо живелаиште на еднорогите носорози во светот, исто тка е поплавен.

Дождовите попуштија во петок, па властите праќаат лекарски тимови во загрозените региони, за да спречат болести преносливи преку вода.

Индиската монсунска сезона е од јуни до септември и носи обилни дождови од витално значење за земјоделството, но предизвикува и огромни штети пренесе dpa.