
Германскиот канцелар Ангела Меркел пред нејзините избирачи изјави дека одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ и изборот на Емануел Макрон за француски претседател и смениле погледот за Унијата, додавајќи дека борбата за една посилна Европа вреди, пренесе Ројтерс.

Коментарот на Меркел, беше направен во говорот на германскиот балтички туристички град Цингст два месеци пред парламентарните избори, при што ја нагласи нејзината одлучност да ја продлабочи европската интеграција, но се разбира само ако биде избрана по четврти пат за германски канцелар.
Според неа членството во ЕУ е една од најсилните страни на Германија. Меркел истакна дека одлуката за Брекзит и победата на проевропските партии над популистите на изборите во Франција и Холандија оваа година, ги променија нејзините ставови.

За многумина, вклучувајќи за мене, нешто се промени, кога видовме дека Британците ќе ја напуштат ЕУ, кога се грижите за исходот од изборите во Франција и Холандија, истакна Меркел пред присутните.
Таа призна дека ЕУ далеку е од тоа дкеа не е совршена и дека Брисел понекогаш е премногу бирократски. Но во изминатите неколку месеци разбравме дека Европа е повеќе од само бирократија и економските правила дека Европа и заедничкото живеење во ЕУ имаат нешто заедничко со војната и мирот, дека децениите мир по Втората светска војна би биле незамисливи без Европската унија, изјави Меркел .
Многу луѓе во минатото ја примаа ЕУ и неговите предности за готово – како слободата на говорот, на вероисповеста и на патувањето, рече Меркел, која е израсната во Источна Германија.
Сето тоа го нема во многу катчиња во светот. И затоа вреди да се бориме за оваа Европа, истакна Меркел.

Германскиот канцелар вели дека е отворена за предлози за зајакнување на единствената валута преку создавање на функцијата министер за финансии на еврозоната, кој ќе го контролира вкупниот буџет за инвестиции и трансфери наменети да им помогнат на земјите членки да го ублажат влошувањето на економската ситуација.