Најмалку 80 повредени во пожарите во Сплит

од Vladimir Zorba
114 прегледи

   Најмалку 80 лица се повредени во пожарите што горат од вчера утрото во северните и источните предградија на Сплит.

Поголемниот број од повредените се пожарникари. Според локалните власти, сите повредени се надвор од живитна опасниост.

На подрачјата зафатени од пожарите околу Сплит се распоредени 384 пожарникари со 102 пожарникарски возила од 21 станица, а до седум часот полетаа три канадери, соопшти Жупанискиот противпожарникарен оперативен центар во Сплит.

И покрај бројните пожарникари, сезонци, војници и граѓани, пожарите во Сплит и во околината од синоќа ги гаснат и припадниците на навивачката група Торцида, а од денеска ќе им се придружат и навивачите од Загреб, Ријека и од Осијек.

Ветерот престана да дува и се претпоставува дека во текот на денешниот ден огнот би можел да биде ставен под контрола.

Небото над Сплит се уште е сиво, а во воздухот има прилично пепел поради што отежнато се дише.

Според првичните процени во пожарите на потегот од Омиш до Сплит изгореле 4.500 хектари густа борова и ниско стеблеста шума, трева и маслинови насади, а пожарникарите примиле над 5.000 повици од вознемирени граѓани.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на вонредна владина седница утрово посочи дека можно е Загреб да побара меѓународна помош за справување со огнената стихија/MIA