На аеродром ќе одиме без багаж?

од desk2
146 прегледи

Процедурите на авио-индустријата наскоро може да се променат и да станат многу попрактични. Имено, авиокомпаниите во британија сакаат да воведат систем според кој багажот ќе го земаат од вашиот дом за да се забрза процесот и да се избегнат гужвите.


Британската влада разгледува можност да ги растовари аееродромите од патници кои се чекираат со багажот на лице место и нивниот багаж да се земе од дома, а тие сами да дојдат на аеродром.

Вакви мерки веќе има воведено до Хонг Конг и во Јапонија каде се намалија гужвите на аеродромите со што им се олеснува патувањето на патниците.

Исто така, ова е корисно во време на терористички закани затоа што на работниците на безбедувањето на аеродромите многу им се олеснува работата и тие имаат повеќе вреде детално да го испитаат багажот кој стигнува на аеродромот.