Пратеникот Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието на Република Македонија најави дека ќе поднесат барање до Владата за да добијат информација колку нови луѓе се ангажирани или вработени во државните институции.

– Бараме да ни се достави оваа информација бидејќи јавноста секојдневно е бомбардирана со информации за вработувања на партиски војници, членови на таканаречената шарена револуција и лица кои што се во директни роднински релации со функционери од власта. Овие вработувања се спроведуваат без никакви огласи и без почитување на постапките, процедурите и критериумите, изјави Данев.
Со ова, според Данев, се врши партизација на државните институции и наместо професионални кадри се вработуваат партиски луѓе.
Тој додаде дека согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, информациите треба да се достават во рок од 30 дена.