Ѓорчев: Владата да објасни зошто ја менува стратегијата за мигранти

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Владата и министерството за труд и социјална политика треба да одговорат зошто ја менуваат стратегијата на Македонија во делот на мигранти, бегалци и странци со која што Македонија од транзитна земја станува земја за траен престој на голем број луѓе на кои што ќе дојдат во Македонија, изјави на прес-конференција Владимир Ѓорчев по повод новата „Стратегија на интеграција на бегалци и странци во Македонија во периодот 2017-2027 година“.

Тој додаде дека со овие измени, „ќе има олеснето доделено државјанство на овие лица, олеснето нивно сместување и изградба на цели станови, населби, згради, понатаму нивен олеснет пристап до градинки, училишта за сметка на граѓаните на Република Македонија како и засилено вработување.“

– Стратегијата која што ни ја предлага новата влада и министерството за труд и социјална политика, целосно ги маргинализира граѓаните на Македонија, а им дава приоритет на мигрантите и останатите категории на лица. Владата да одговори на кои места ќе бидат изградени колективните центри – изјави Ѓорчев.