Стојаноски: СЈО се обидуваше со пари да дојде до лажни изјави

од desk2
135 прегледи

Обвиненијата на СЈО за сите отворени случаи се без никакви докази, се со цел да се врши политички прогон на ВМРО-ДПМНЕ инспириран од СДС, изјави денеска Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ пред просториите на СЈО.

-СЈО се обидуваше со пари да дојде до лажни изјави со цел да ги поткрепи монтираните случаи. Таму каде што не можеше да поткупи, СЈО се служеше со заплашување и закани врз лицата за да потврдат нешто што не се случило никогаш. СЈО имаше и има само една единствена задача, а тоа е да истражува и обвинува за непостоечки случаи, кои ги измислуваше Зоран Заев. Постапките на СЈО од неговиот почеток до денес, само го потврдуваат фактот дека тие служат за една употреба на СДС, со цел оцрнување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. СЈО е обична политичка алатка која има ограничен рок на траење – вели Стојаноски.

Според него СЈО не смее да води истражни постапки по истекот на 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите во негова надлежност.