Веднаш по Ирак и Авганистан, Индија го зазема третото место на листата на земји со најголем број терористички напади со жртви во 2016 година.

Ова го анализира и истражи весникот “Тајмс оф Индија”. “Индија го надмина Пакистан од третата позиција на листата на земји кои се соочуваат со најмногу фатални терористички напади во 2016 година”, се вели во публикацијата врз основа на истражувањето на Националниот конзорциум за проучување на тероризмот (START), нарачан од Стејт департментот на САД.
Од 11 072 терористички напади во 2016 година, извршени во светот, во Индија се регистрирани 927, што е за 16% повеќе во споредба со 2015 година (798).
Бројот на смртните случаи во нив исто така се зголеми за 17% – од 289 во 2015 до 337 во 2016 година бројот на настраданите е зголемен во однос на истиот период од 500 до 636 лица.
Истовремено, Пакистан има пад во бројот на терористичките напади од 27% – од 1010 во 2015 до 734 во 2016 година Во извештајот се истакнува дека речиси 2 / 3от терористичките напади во Индија биле организирани од левичарските екстремисти. / ТАСС