Британците мора да ги регистрираат дроновите потешки од 250 гр

од desk2
69 прегледи

Британската влада усвои нов закон кој се однесува на користење дронови потешки од 250 грама.


Законот е донесен по консултација со Министерството за транспорт и Агенцијата за цивилна авијација, како и Агенцијата за воената авијација.

Според новиот закон, корисниците мора да ги регистрираат своите дронови и ќе го поминат сигурносниот тест за да се утврди дали ги познаваат британските правила за сигурност и приватност.

Со неодамнешното истражување е заклучено дека дроновите тешки 400 грама може да го оштетат ветробранското стакло на хеликоптерите кои летаат ниско, како и многу дронови во големите градски подрачја.

„Токму како и останатата технологија, дроновите може да се злоупотребуваат. Со нивна регистрација и воведување тестови за сигурност со кој се едуцираат корисниците, ние можеме да го намалиме кршењето на рестрикциите на воздушниот простот и да ја заштитиме јавноста“, вели министерот за авијација Лорд Калахан.

Исто така, дозволено е дроновите да летаат на висина од 120 метри и не змејат да се користат во близина на аеродроми.