Полскиот претседател потпиша еден од спорните закони

од desk2
110 прегледи

Канцеларијата на полскиот претседател соопшти во вторникот дека шефот на државата Анджеј Дуда потпишал еден од трите спорни предлози на законот, со кој се организира правосудството на начин на кој критичарите тврдат дека се лимитира неговата независност.

Претседателот Дуда објави во понеделникот по повеќедневните протести дека ставил вето на два од предлозите.

Неговата канцеларија објави денеска дека тој го потпишал третиот предлог и покрај демонстрациите во понеделникот вечерта во неколку градови во кои од шефот на државата се бараше и третиот предог да го блокира.

Законот му дозволува на министерот за правда, кој исто така е државен обвинител, да именува челници на сите судови.

Критичарите тврдат дека тоа е неуставно, но го поздравија одбивањето на Дуда на останатите предлози. Еден од нив би му овозможил на министерот за правда веднаш да ги отпушти сите судии од Врховниот суд и да избере замени за нив.