Швајцарската полиција сè уште трага по напаѓачот од Шафхаузен

од desk2
59 прегледи

Мажот кој со моторна пила во швајцарскиот град Шафхаузен рани пет лица, од кои две потешко, и понатаму е во бегство, а полицијата интензивно трага по него.

Полициската потрага се врши во областа на границата на Швајцарија и на Германија, а во акцијата се вклучени хеликоптери и кучиња.

Швајцарската радио-телевизија јавува дека полицијата цела ноќ трага по 51-годишниот осомничен Франц Врузис, кој ранил двајца вработени во канцеларија за здравствено осигурување и уште три лица.

Властите соопштија дека осомничениот двапати бил казнуван за злоупотреба на оружје.

Изминатите недели осомничениот честопати е гледан во близина на Шафхаузен, град со околу 36.000 жители, недалеку од Цирих.

Нападот се случи вчера, а полицијата веќе објави и фотографија од осомничениот.