Силни дождови кои последните денови паѓаа во делови од германија предизвикаа поплави во повеќе градови во Долна Саксонија на северозападот на земјата, пренесуваат агенциите.

Улиците во планинската област Харц се поплавени и мештаните мораа да пумпаат вода од подрумите, додека во блискиот град Хилдершајм поставуваа вреќи со песок на бреговите на надојдената река Интерста. Реката Нете која се излеа ги поплави улиците во местото Руден.
Гермнаската новинска агенција dpa пренесува дека локалната противпожарна служба на Хилдершајм е подготвена да евакуира повеќе од 1.000 жители од населбата на која и се заканува пиплавување.