Да си оптимист не значи дека мислиш проблеми нема, а да мислиш дека за тие има решение.
Повеќето од проблемите со кои во моментов се соочува светот, сите или речиси сите, се огромни. Сите тие се уште имаат решение.
Вака коментира во новата стаија Жак Атали, француски економист, финансиер и филозоф, кој во 1991 година стана основач и прв шеф на Европската банка за обнова и развој.

Но, најстрашно е што (пресушуваат океаните, глобалното затоплување и недостатокот на вода за пиење), а се уште е во наша моќ.
Заедно со овие базични прашања кои го ставаат под сомнение самото постоење на човештвото и веќе не загрижува, постојат и други, повеќе странични чие решение се очекува да се најдат со времето само по себе.
Така доаѓањето на мигранти во Европа, кои стануваат се повеќе, не ги загрижува никого, небаре со времето работите ќе се решат на еден или на друг начин. Тоа не е нормално. И ќе дојде ден кога долќно ќе ги прифатите должно оние кои очигледно нема да се вратат во пеколот во својата родна земја.
Меѓу овие проблеми има нешто за кое се зборува многу помалку: следната светска економска и финансиска криза. Всушност се мисли дека повеќе нема да има економска и финансиска криза и дека ризикот е целосно исклучен. Всушност ништо не сугерира за претстојното: растот изгледа се враќа.
Невработеноста се намалува повеќе или помалку во зависност од конкретната држава. Законодавството ги извлечено лекции од претходните кризи и се создадени услови за одржливост на транснационалните банки, на кои им е дадено да имаат поголем капитал за секој случај.
И конечно техничкиот прогрес изгледа објавува секој ден по едно Елдорадо, а секое следно е постојано прекрасно. Но, сепак, би било апсурдно да се замисли дека во денешната дивјачка глобализација финансиските кризи за секогаш се исклучени. Уште повеќе дека белезите на следната криза веќе се присутни.
1. Јавниот и приватниот долг е повисок отколку кога било досега, префрлајќи ги на следните генерации финансирањето на одржувањето на животниот ни стандард: јавниот и приватниот долг во најбогатите 44 земји достигна 235% од БДП наспроти 190% во 2007.
Особено долговите на американските студенти и на кинеските банки се надвор од контрола. Без дури да се бројат долговите за кои пензионерите зборуваат и кои никој не признава.
2. Оценките за активностите преземени од компаниите се непропорционални. Уште повеќе, најновите здруженија и спојувања се несизмерими со бројни бенефиции кои овие компании никогаш нема да ги постигнат.
И тоа се сосема нереални проценки кои доведуваат до тоа да не се срамат од зголемувањето на долгот, по кој и тие и припаѓаат на соодветната земја.
3. Американското банкарско законодавство, воведено по финансиската криза од 2007, ќе биде олабавено и како на американските институции се дава предност, поттикнувајќи ги да преземат нови ризици по вкупниот определен долг.
4. Ниту глобалниот раст, ниту инфлацијата ќе ги зафати овие долгови. По еден месец, година, десет години кредиторите ќе сфатат дека нивните тврдења не можат да бидат земени предвид и тие ќе почнат да се замислат.
Се ќе почне со ситен инцидент во Италија, САД, во Кина или во Блискиот Исток. Централните банки ќе престанат да се однесуваат како пирамидата на Медоф и ќе ги намалат слободните кредити, кои денес ги даваат банките. Владите и бизнисот ќе утврдат дека цената на заемите нагло се покачува и некои од нив ќе треба да направат огромни заштеди, бидејќи ќе бидат под пристиок и под страв од банкрот. Кризата ќе се врати заедно со невработеноста и намалувањето на куповната моќ.
Секоја – влада, фирма, може се уште да се подготви: преку итно намалување на сите долгови со променливи каматни стапки и ако се продаде она што треба, на највисока цена. Но таквото однесување, ако е универзално, ќе ја забрза кризата, наместо да ја ограничи.
Како што има во сала еден излез: ако сите се упатиле кон него, катастрофата е неизбежна. Време е за организација. За колективно и мирно размислување, за намалување на задолженоста и за воведување на вистинско финансиско законодавство што се применува на меѓународен план.
За тоа ќе зборуваат Г-20. За ова треба да се загрижени владите, ако невистина земаат при срце интересите на следните генерации. Секако, нема тоа да го сторат тоа. Само вистинските оптимисти ќе се справат.