„Обамакер“: Нов неуспех на Трамп

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно доживеа горчлив пораз во спорот околу реформата на здравствената заштита во земјата.

Screenshot USA Senat eröffnet Debatte zur Abschaffung von Obamacare (Reuters/Senate TV)

Законот со кој претседателот на САД Доналд Трамп сака да го измени здравствениот систем во земјата кој го воспостави неговиот претходник Барак Обама повторно не беше изгласан доцна синоќа за време на гласањето во американскиот Сенат.

Најмалку тројца републиканци – Џон Мекејн, Сузан Колинс и Лиза Мурковскибн- гласаа против, и резултатот од гласањето беше 51 „против“, а 49 „за“. Ова гласање на Трамп е веќе трет обид да се измени дел од регулативите од т.н. „Обамакер“, закон кој беше еден од најважните кој го усвои претходната администрација. Лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич Меконели, ова го опиша како разочарувачки момент.

USA Washington Senator John McCain

Републиканците во драматично заседание го одложуваа гласањето обидувајќи се да ги убедат колегите да гласаат за предлогот на Трамп. Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, повеќе од 20 минути разговараше со Мекејн, но без успех.

Агенцијата Асошиетед прес оценува дека ова е сериозен удар за републиканците и за плановите на американскиот претседател Доналд Трамп за здравствена реформа. Со т.н. „слабо укинување“ би се повлекле спорните одредби на законот. Трамп во реакцијата на синоќешното гласање објавена на Твитер порача: „3 републиканци и 48 демократи го разочараа американскиот народ. Како што кажав на почетокот, да  оставиме ‘Обамакер’ да имплодира и тогаш да дејствуваме“.

3 Republicans and 48 Democrats let the American people down. As I said from the beginning, let ObamaCare implode, then deal. Watch!

32 милиони Американци на тој начин би останале без здравствено осигурување и тоа беше клучен фактор кој влијаеше еден дел републикански сенатори да не го прифатат предлогот на шефот на републиканското мнозинство во горниот дом на американскиот Конгрес.

 

DW.COM