Експлозијата настанала во ресторан, кој се наоѓа на приземје во зграда, која е туристичка атракција во крајбрежната зона на градот.

Во моментот состојбата по  експлозијата  е надмината,  а повеќето туристи во тој момент спиеле  во своите соби , пренесе РИА Новости.

Како што јави агенцијата Ина, повредени се меѓу 20 и 30 лица, од кои пет потешко.

Настраданите се со различни повреди. По првичните информации  се  само дека има луѓе  и со сериозни повреди.

Сите туристи, работници кои  живеат во областа на експлозијата биле евакуирани. Во гаснењето на пожарот се вклучиле и волонтери. Властите во градот работат  за утврдување  на причината за експлозијата.

Велипојa е eдно од омилените туристички дестинации за жителите на северот на Албанија.