Русија е подготвена да ги нормализира односите со САД и да соработува во решавањето на глобалните прашања, рекол рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во петок, во телефонски раговор со американскиот државен секетар Рекс Тилерсон.

Лавров наТилерсон му рекол дека одлуката на Москва да го намали бројот на американски дипломатски службеници во Русија е предизвикана од „непријателските мерки на Вашингтон“, пренесува агенцијата Reuters.
Тие се „согласиле да продолжат да комуницираат за низа билатерални прашања“, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.