Разликата меѓу Инстаграм и сликите од реалноста

од Vladimir Zorba
123 прегледи

Додека слабите модели и заоблени задници го заземаат Instagram, една блогерка се обидува да му покаже на светот дека не треба да веруваме на сè што гледаме онлајн.

20-годишната Сара Путу споделува различни слики, откривајќи колку поинаквиот агол, од кој е направена фотографијата, или вовлекувањето на стомакот може да го промени начинот на кој изгледаме.

Во секоја една од фотографиите можеме да видиме толку забележителна разлика, дури е тешко да поверуваме дека тие се од иста девојка во исто време.

“Ниеден задник не изгледа сосема заоблено од сите агли”, пишува таа. Сара се обидува да му покаже на светот дека убавината започнува со љубовта кон себе и оние “совршени” фотографии, објавени на интернет, не се она што треба да биде дефиницијата за убавина.

Во нашата галерија може да ги разгледате сликите на Сара.