
Божествено вкусни и неверојатно корисни – тоа се овие омилени мали и големи боровинки. Овој неодолив дар од природата е ретка комбинација, бидејќи ем ги јадете со задоволство, ем ве спасува од стомачни болки, го намалуваатт стресот и помагаат при подобрување на видот.
Необичните својства на малите шумски плодови се со докажано влијание како профилактично средство против Паркинсовата и Алцхајмеровата болест. Зголемената содржина на антиоксидантите ја подобрува работата во овие делови на мозокот кои се одговорни за стареењето на невроните.
Тврдењата дека црната боровинка значително го подобрува видот, сосема не се претерани. Овие плодови се особено корисни за луѓе кои долго го напрегнува видот и се принудени да се гледа во самрак и темно. Возачите, пилоти, луѓето кои работат на компјутер, мора постојано да прифатат црни боровинки.
Овој прекрасен плод го подмладува организмот, бидејќи го штити од слободните радикали – едни од главните виновници за стареењето. А слободни радикали се создаваат и под дејство на компјутерското зрачење.
Неверојатни резултати биле постигнати со помош на црни боровинки при лекувањето на такво сериозно заболување како катаракта. Црната боровинка во комбинација со витамин Е помогнала да се запре прогресијата на катарактата кај 97 отсто од луѓето. Плодот е незаменлив и при дијабетес.
Најдоброто нешто е дека боровинките се еден од даровите на природата, кој овозможува најразлични варијанти за исхрана. Се прриготват исушени, замрзнати, како слатка, џемови, компоти, во колачи, сладоледи, главни јадења.