107
Никакви промени нема да се случат со менувањето на раководството на ВМРО ДПМНЕ, велат од ВМРО Народна партија.
Сè додека Никола Груевски е на чело на оваа политичка партија, не е возможно партијата да се демократизира, велат од ВМРО-НП. Според нив, ВМРО-ДПМНЕ долги години ќе остане опозициска партија.
„Рибата смрди од главата, а не од опашката. Значи штом главата е останата на чело, тоа значи дека нема да дојде до никакви промени, ниту до демократизација на ВМРО-ДПМНЕ. И сè додека на чело на ВМРО-ДПМНЕ е Никола Груевски, тоа значи дека партијата ќе биде долги години во опозиција на македонската политичка сцена“, изјави Слободан Близнаковски од ВМРО Народна партија.