Дисциплински мерки за полицајците кои приведоа членови на Левица

од desk2
99 прегледи

Против четворица полицајци коишто во саботата употребиле физичка сила при врз членовите на Левица кои протестираа пред воените возила на војските на АРМ и УСА кои беа презентирани на полоштадот во Скопје, ќе бидат преземени дисциплински мерки.

Ваква одлука е донесена по истрагата споведена од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по наредба на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Утврдено е дека од страна на четворица полициски службеници врз четири лица неосновано била употребена физичка сила, а над тројца од нив без основа е употребено средство за присилба-врзување со лисици. Против полициските службеници кои што ги пречекориле службените овластувања и постапиле спротивно на член 83 и 85 од Законот за полиција ќе бидат преземени дисциплински мерки согласно Колективниот договор на МВР и ќе биде известено надлежното јавно обвинителство во Скопје“, информираше портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.