Кинез плати 9998 швајцарски франци во швајцарски хотел за Шот виски, доздаден во 1878 година од познатиот производител на виски “Macallan”, соопшти сајтот 20Minuten.
Случката е потврдена од вработен во луксузниот хотел “Валдхаус” во Сент Мориц, североисточен дел на земјата.
Откако влегол во барот со група луѓе, клиентот изразил посебен интерес кон “Macallan” – хотелот нуди 47 сорти, кои се движат од 7 швајцарски франци до 10 нули.
“Му реков на клиентот дека најскапиот од нив не се продава”, раскажа сопственикот на хотелот Сандро Бернаскони.
Клиентот сепак инсистирал и така Бернаскони се јавил на својот татко, кој го водел хотелот во текот на 20 години и дал благослов. Пред да биде отворено, шишето е проценето на 50 000 швајцарски франци. Идентитетот на младиот познавач не е специфициран.