Кина го поздрави првото во светот бебе панда, што е родено од мешана двојка – од мајка, за која се грижеле специјалисти, и татко, кој претставува дива панда.
Бебе панда се роди рано во понеделникот во југозападната провинција Сечуан. Неговата мајка е 15-годишната Као Као, која “излегуваше” со див машки примерок во март.
Као Као, кој живееше во заробеништво од 2-годишна возраст, беше ослободена и вратена повторно во дивината за двомесечен престој во пролет, носејќи позиционери и рекордери околу вратот. Бебето ѝ тежи 216 грама – надминувајќи ја вообичаената тежина на новородена панда од околу 150 грама, благодарение на добриот апетит на Као Као за време на бременоста.
Неговото раѓање е резултат на напорите на истражувачите да го подобрат здравјето и генетската разновидност на заробените панди, како ги поврзуваат со партнери кои живеат во шумите, објаснуваат од Кинескиот центар за заштита и истражување на гигантската панда (CCRCGP).
Помалку од 2000 гигантни панди се среќаваат во дивината во три провинции во јужна и централна Кина. Други 471 живеат затворени.