Во Охрид вечер ќе биде промовиран романот „Доилката“ од Лилјана Пандева, добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобра прозна книга за 2016 година, што ја доделува ДПМ.

Промотор ќе биде проф. д-р Кристина Николовска, а настанот ќе започне во 20:00 часот во библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид.
Авторката на романот Пандева е дипломиран професор по литература и македонски јазик и магистер по филолошки науки. Во нејзиниот творечки опус покрај романот „Доилката“ се и драматизациите за деца „Новогодишни едночинки“, романите „Од агендата на Калина Калин“ и „Возовите на Луцерн“ – преведени и на германски јазик, расказите „Канцелариски колумни“ и поетската збирка „Љубов од А до Ш и обратно“.
Романот е издание на „ПНВ Публикации“ од Скопје.