Али Ахмети со бугарскиот амбасадор: Го поддржуваме Договорот меѓу Македонија и Бугарија

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Ахмети смета дека Договорот меѓу Македонија и Бугарија е големо достигнување на патот кон НАТО и ЕУ.

Бугарскиот амбасадор во Република Македонија, Иван Петков денеска разговара со лидерот на Демократската унија за интеграција / ДУИ / Али Ахмети.

ДУИ е дел од владејачката коалиција во Скопје. “Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија е големо достигнување на патот кон НАТО и ЕУ. Договорот помага и за стабилноста и безбедноста во регионот”, рече Ахмети за време на состанокот.

Според него “Договорот со Бугарија треба да служи како пример при спорот со властите во Атина за да се деблокира евроатлантската интеграција” на Република Македонија. За време на разговорот двајцата разговарале за политичката ситуација во земјата, реформите, интеграцијата во ЕУ и НАТО и јазичните права.

 Ахмети исто така ја истакна важноста на што побрзо заокружување на Охридскиот Договор преку усвојување на законот за употреба на јазиците, што ќе придонесе за еднакво и покохезивно општество, се вели во соопштението од седиштето на ДУИ.