
Потсетуваме дека, германската компанија ги продаде турбини за рускиот енергетски проект , кои сепак подоцна беа пренесени во Крим. Од “Сименс” беа принудени да ја прекинат соработката и бизнисот со руски компании .
Според Брисел со своите постапки тие го поткопанле територијалниот интегритет, суверенитетот и независноста на Украина.
Додадените три лица во листата се одговорни за доставување на турбините од Русија во Крим . Им се замрзнуваат средствата и им се забранува да патуваат до држави од ЕУ.

Во меѓувреме, ЕУ повика САД да не дејствуваат еднострано при наметнувањето на нови санкции
Така во листата вкупно се вклучени 153 лица и 40 компании . Мерките беа воведени во март 2014 година и за последно се продолжени во март 2017 година до 15 септември оваа година. Одделно ЕУ воведе секторски санкции на Русија во 2014 година