Во зоолошката градина “Бовал” во Франција денес се родија две бебиња панди, но едното од нив, за жал, почина речиси веднаш по раѓањето.
Тажната вест ја соопшти раководството на зоолошката градина во својата “Фејсбук” страница.
“Со жалост ве известуваме за смртта на едно од бебињата панди кои се родија оваа ноќ”, гласи пораката. Во него шефовите на француската зоолошка забележаа дека сепак втората панда тукушто се појави на светот со тежина од 142,4 гр. И се чувствува многу подобро.
Ова се првите наследници на единствената двојка гигантски панди во Франција, која беше доделена на француските власти “на заем” од Кина во 2012 година. Таткото се вика Јуан Цаз, а мајката – Хуан Хуан (Веселка).