(ГАЛЕРИЈА 18+) Светски ѕвезди позираа како од мајка родени

од Vladimir Zorba
136 прегледи

Обично ги гледаме ѕвездите во Холивуд облечени со последните модели на големите модни куќи и шминка од најдобрите во областа.

Едно списание сепак преферира да ја покажува убавината во нејзиниот најсуров и природен изглед.

Во последната фотосесија на Love Magazine, Алекса Чунг, Ешли Греам, Даутцен Крус, Карен Елсон и секогаш готовата да се соблече Емили Ратайковски, застануваат за црно-бели портрети така, како што мајка им ги родила.

Кадрите се дело на професионалниот објектив на легендарниот Патрик Демаршелие, а секој од нив прикажува своевидно почитување на различните возрасни групи и типови тела.

Убавата порака, која стои зад фотосесијата е дека убавината нема дадена и фиксна дефиниција и дека секоја жена, сама по себе, е убава заради својата индивидуалност.

Сите кадри од фотосесијата можете да ги разгледате во галеријата.