Кубанскиот ремикс на „Макарена“ со 30 милиони прегледи на Јутјуб

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Кубанскиот ремикс на познатата песна “Макарена” забележа 30 милиони прегледи на YouTube. “Макарена” е снимена во 1992 година од шпанското дуо “Лос дел Рио”, која ја изведуваат Антонио Ромеро и Рафаел Руиз.

Многу брзо наивната мелодија и прост текст го освоија речиси целиот свет.

Во 1996 година “Макарена”, во изведба на американската група Bayside Boys 14 недели ја предводеше хит парадата на списанието “Билборд”.