
Вегетаријанците имаат двапати поголем ризик да заболат од депресија. Причината за ова е дека во нивното мени нема витамин Б12 и некои важни минерали, се посочува во една студија цитирана од Sunday Mail.
Според научниците на Универзитетот во Бристол, недостатокот на витамин Б12 силно влијае врз расположението и менталното здравје. Вегетаријанците често се фалат за тоа како живеат на природен начин на живот. Но, кога тие ќе го тргнат пилешкото, говедското и свинско месо и земаат моркови и брокула, тоа ги прави многу повеќе несреќни без за тоа самите да осознаат.
Тимот на Бристол дошол до овој заклучок по испитувањето спроведено врз 10.000 луѓе во западниот дел на Англија.
Оние што биле во група вегетаријанци биле два пати по депресивни од нивните сонародници кои имале конвенционално избалансирана исхрана.
Во крвта на вегетаријанците, високите нивоа на фитоестрогени се акумулираат како резултат на богатата растителна и соја диета. И ова исто така води кон ментални проблеми, се вели во студијата.