Граѓани на Прилеп, реагираа во врска со состојбата на водата за пиење во градот, која е кафеава, а преку соопштение се огласија и од ЈП Водовод и канализација во кое на „жими мајка“ велат дека: „водата е здравствено исправна и потполно одговара на Правилникот за питка вода, но на одредени места во градот може да дојде до мало заматување“.

Во сооптението се вели дека поради намалениот доток на вода од Регионалниот водовод „Студенчица“, како и поради големата потрошувачка од страна на граѓаните, ЈКП „Водовод и Канализација“ во водоснабдителниот систем ги активираше Градските бунари. Тоа предизивикува различен режим на движење на водата како и промена на притисоците во градската мрежа, што предизвиукува локални заматувања.
Иако досегашните анализи покажуваат дека водата одговара на правилникот за вода за пиење, сепак како превентива ЈКП „Водовод и Канализација“ излегува со временска мерка- водата пред конзумирање да се преврива 10 минути.
Оваа препорака важи до стабилизирање на состојбата. ЈКП ВиК превзема активности и очекуваме во најскоро време целосна стабилизација. Ве известуваме дека водата е здравствено исправна и потполно одговара на Правилникот за питка вода, но на одредени места во градот може да дојде до мало заматување. Според тоа доколку забележите матност Ве замолуваме да не информирате на контакт телефонот 048/421-775 или на нашата електронска пошта [email protected], за истата да биде исперена од стручните служби при ЈКП“.
Но, ваквите тврдења од Јавното претпријатие висат во воздух, поради недостатокот од доказ од надлежна здравствена институција која ќе го потврди нивното „смирувачко“ соопштение за исправноста на водата за пиење.
И ако е, како што велат од прилепскиот Водовод, водата во исправна состојба, тогаш нелогична е препораката наведена во истото сооштение, дека водата треба да се преврива пред конзумирање.
За (не)исправноста на водата за пиење говори и бројот на зголемениот број на хоспиталирани граѓани кои се јавиле во градската болница со поплаки за стомачни заболувања по заматувањето на водата од градскиот хидросистем.
Доктор од медицинскиот персонал во прилепската болница, кој побара да остане анонимен, за 10без10 потврди дека веќе неколку дена е зголемен бројот на пациенти со стомачни грчеви, цревни инфекции и повраќања.
Доколку се потврдат сомневањата дека не е случајно совпаѓањето на влошената здравстена состојба на прилепчани, и спорниот квалитет на водата за пиење, тоа би значело дека ЈП Водовод потфрлило во својата основната цел и задача, да обезбеди чиста и исправна вода за пиење.
Прилепскиот адвокат Жарко Стеваноски, посочува дека постои основа за барање одговорност на граѓаните од раководните лица на ЈП Водовод, доколку се востанови дека причините за нарушеното здравје е водата од градскиот хидросистем.
„Доколку се утрврди дека ЈП Водовод потфрлило во својата основна функција, и водата која ја дистрибуира до прилепските домови е причина за влошеното здравје на голем број граѓани, тогаш прилепчани имаат полно право да го тужат претпријатието, и одговорните лица би можеле да бидат и кривично гонети“, вели Жарко Стеваноски./10без10