Северна Кореја треба да ги стопира тестирањата на балистички ракети, доколку сака дијалог со САД за решавање на кризата порача американскиот државен секретар Рекс Тилерсон пред новинарите во Манила, каде учествува на форумот на АСЕАН.
– Поострите санкции против Пјонгјанг, кои беа усвоени од Обединетите нации се доказ дека меѓународната заедница е единствена во стремежот кон ослободување на Корејскиот Полуостров од нуклеарно оружје.
Како што цитиратат АП и АФП, најдобар сигнал кој Северна Кореја може да даде, ако е подготвена да одржи преговори со САД, и да ги прекине ракетните тестирања , рече Тилерсон во Манила
Тој истакна дека основното предуслов на САД за разговори со Пјонгјанг, би било тоа и појасни дека запирањето на тестовите би било “првиот и најсилен сигнал”.
Но, според него тоа нема да е толку едноставно Северна Кореја оддеднаш да престане со тестовите за неколку дена или недели. Тилерсон додаде дека не може да посочи конкретна временска рамка.
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји изјави дека се надева дека односите меѓу Северна и Јужна Кореја ќе се подобрат.
Според Ванг, севернокорејскиот министер за надворешни работи не ги отфрлил целосно предлозите на јужнокорејскиот колег