Airbnb плати само 93.000 евра данок во Франција

од desk2
122 прегледи

Франција е вториот најголем пазар за Airbnb, но сепак, за 2016 година, интернетскиот гигант за наоѓање сместување за туристи во земјата платил само 92.944 евра данок, колку што плажаат малите и средните претпријатија.


Како што јави Le Parisien, иако Париз, главниот град на Франција е една од најбараните дестинации, сепак Airbnb платил само мал данок.

Повеќе од 400.000 огласи за краткотрајно изнајмување во Франција се ставени на листата минатата година, а Париз е најбараниот град, со 60.000 огласи поставени во 2016 година. Околу 10 милиони патници го користат сајтот Airbnb’s France секоја година.

Данокот за 2016 година од 92.944 евра е поголем од оној во 2015 година кој изнесуваше 69.168 евра, но сепак не ја надминува сумата на данок што ја плаќаат мали и средни претпријатија во франција.

Но, нема ништо нелегално во тоа што го прави Airbnb,затоа што како и многу мултинационални компании, вклучително многу интернет гиганти, веб-платформата ги користи бенефициите од даночниот договор што значи дека може глобално да расте, а да не биде погодена од голема сметка за данок.