Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска се дел од министрите за кои пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе бараат Собранието да им изгласа недоверба.

Според партиски извори на ТВ 24 од ВМРО-ДПМНЕ, се подготвуваат интерпелации за уште пет министри. Барањето за интерпелација за Николовски е веќе поднесено и причина за интерпелацијата, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ е за неажурно справување со пожарите и нерешени проблеми на земјоделците.
На Мила Царовска опозицијата и ја забележува стратегијата за бегалците, којашто велат, е на штета на државата. Ова е прв пат опозицијата, пред истекот на првите сто дена на Владата да бара гласање недоверба на повеќе министри. Според Деловникот, интерпелациите собранискиот спикер е обврзан да ги стави на дневен ред./24 Вести