Најчудните поплаки од гостите во хотелите

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Одморот не секогаш поминува беспрекорно, а проблемите понекогаш се поврзани со хотелот во кој сме сместени. Обично персоналот е подготвен да помогне во изнаоѓање на решение, под услов се разбира барањето да биде во разумни граници. Но вистината е дека некои туристи имаат скандалозни барања и исклучително чудни поплаки.

Хотелиери од Велика Британија откриваат некои од најневообичаените поплаки кои ги примале од своите гости.

Проблеми со телевизијата, или не сосема ..

Еден гостин отишол на рецепцијата во текот на ноќта за да се пожали дека не е во можност да гледа телевизија. Проблемот сепак не бил дека телевизорот е расипан- тој се пожалил дека кога лежел на креветот, не можел да го види екранот на ѕидот, бидејќи нозете му пречат. Донел и слика за доказ.

Појадок во кревет

 Додека за хотелскиот персонал не се непознати поплаките поврзани со храната, прашањето на еден гостин нема ништо заедничко со тоа.

Откако порачале појадок во кревет, гостите останале незадоволни од исхраната во хотелска соба, па затоа се поврзале со рецепцијата. Еве како се одвива дијалогот:

Гостин: “Здраво, штотуку ни беше доставен појадок во кревет. Има ли проблем ако го изедам на столот до масата, а не навистина на креветот? ”

Администратор: “Не, нема никаков проблем. Може дури и да ја јадете во бањата, ако сакате! ”

Гостин: “Добро, ова би требало да е наведено јасно”.

Украден Божиќ

Во месец март била примена поплака од господин кој сака компензација за Божиќ, бидејќи не можел да го изеде божиќниот ручек.

Проблемот сепак не бил во тоа што вработените го игнорирале и не му сервирале оброк. Всушност господинот јаде толку многу наутро што немал место за ручек.