Летовите на катарската авиокомпанија Qatar Airways привремено добија пристап до новата рута преку воздушниот простор на Бахреин, се наведува во базата на податоци на Федералната управа за авијација NOTAM.

Потегот следи по минатонеделниоѕ состанок на Советот на агенцијата за управување со авијација на Обединетите нации.Вонредни рути се планирани како дел од прелиминарниот договор постигнат порано овој месец.
Пристапот до новата рута е овозможен во понеделник и ќе трае до 9 ноември. Трасата се однесува само на доаѓачките летови.
Во друго соопштение NOTAM наведува дека дополнителн рута ќе биде отворена на 17 август, без други детали.
Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет и бахреин ги прекинаа врските со Катар на 5 јуни, обвинувајќи го дека поддржува тероризам, што Доха одлучно негира.
Со затворање на воздушните простори над овие земји за државната компанија Qatar Airways, таа е приморана да користи подолги рути и поскапи, поради што Доха бараше пристап до меѓународните коридори над водите на Заливот со кој во моментот управува ОАЕ.
На состанокот зад затворени врати со авијациската комисија на ОН во Монтреал на почетокот на август, стана збор и за рути за вонредни ситуации.
Челниците на Qatar Airways ја повикаа Организацијата за меѓународна цивилна авијација мерките на заливките земји во авиосообраќајот да ги прогласи за илегален чин.
ОАЕ и Бахреин ја потпишаа Конвенцијата за меѓународна цивилна авијација 1944 додека Саудиска Арабија не е потписник.