Дизајнерите од “Игра на престоли” признаа дека сите кожени наметки во серијата всушност се килими од шведскиот мебел гигант ИКЕА.
Поради ограничениот буџет моделиерите од хит фантастичната серија на HBO се принудени да пројавуваат креативност при изработката на врвна облека, па затоа многу често тие всушност прибегнуваат кон теписи и теписони од познатата компанија ИКЕА кои ги реконструираат и бојадисуваат, за да ја достигнат идеалната визија.
“Сакам публиката да може да ужива во костуми. Тука тие беа запечатени со восок, а подоцна и замрзнати, за да одговараат на пејзажот”, ја откри тајната дизајнерката од производството Мишел Клепшон пред посетителите на музејот “Гети” во Лос Анџелес.
“Буџетот е ист секоја година, без оглед што фотографираме – навистина е добар, но никогаш не е доволен”, призна уште таа, но и изјави дека рестрикциите помогнале на неа и нејзиниот тим да мислат покреативно и да бараат секогаш нови трикови.