
– Ентузијазмот на Американците во врска со Доналд Трамп како претседател на САД, продолжува да се намалува, покажува најновото истражување на агенцијата ССРС направено за Си-Ен-Ен, по повод неговите први шест месеци во Белата куќа.
Вкупно 43 отсто од луѓето веруваат дека Трамп ќе може да ги спроведе промените кои ги ветуваше во текот на изборната кампања, а и по преземањето на функцијата, што е намалување во однос на април, кога на крајот од првите 100 дена, 48 отсто од Американците веруваа дека новиот претседател ќе може да ги исполни ветувањата.
Анкетата открива дека по поминатите 200 дена како претседател на САД, 47 отсто од учесниците во анкетата не се согласуваат како Трамп работи, додека само 24 отсто рекле дека се согласуваат со неговите политички потези.
Рејтингот на Трамп сега изнесува 36 отсто, што е најнизок откако беше избран за претседател. Дури три четвртини од Американците рекле во анкетата дека воопшто не веруваат во она што го слушаат од Белата куќа.
Исто толку, 36 отсто од американските гласачи сметаат дека Трамп бил успешен во првите шест месеци од неговиот мандат, додека 59 проценти веруваат дека во овој период актуелниот претседател бил целосно неуспешен.
Во очите на гласачите, неговите двајца претходници беа далеку поуспешни. Во првите 200 дена во Белата куќа, Џорџ Буш имаше подршката на 56 отсто, додека Барак Обама на 51 проценти од Американците.
Само еден претседател во политичката историја на САД имал понизок рејтинг од 50 отсто на крајот од првиот шестмесечен период како претседател. Тоа беше Бил Клинтон, кој во 1993 година, тогаш имаше подршка од 44 отсто, но и тоа е за 12 проценти повеке од сегашниот рејтинг на претседателот Доналд Трамп.