Ниту една панда не е повредена при земјотресот со интензитет од 7,0 во југозападната кинеска провинција Сечуан, која е природната зона за овие животни, соопшти телевизијата CGTN денеска.
Во исто време, бројот на официјално утврдените жртви на стихијата достигна 12, повредени се над 170.
Од зоната на катастрофата се евакуирани 30 илјади туристи, продолжува потрагата и спасувањето.
Во средата изутрината уште еден подземен потрес со интензитет од 6,6 беше почувствуван во северозападниот дел на Кина во Ксинџијанг-ујгурски автономниот регион. Таму нема повредени или загинати.