ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Царовска планираат од Македонија да направат мигрантска населба

од desk2
123 прегледи

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека со доселувањето на мигрантите директно се атакува врз економската сигурност на граѓаните, а евтината работна сила ќе предизвика намалување на платите, и нови отпуштања, помалку пари за социјална помош и дисторзија на системот.

„СДСМ, (Зоран) Заев и Мила Царовска планираат од Македонија да направат мигрантска населба“, се вели во денешното соопштение.

„Со усвојување на Стратегијата за мигранти, бегалци и странци 2017-2020 година и акцискиот план и необисмислените чекори на владата на СДС и министерката за труд и социјална работа Мила Царовска се доведува во опасна ситуација целокупната демографска, безбедносна и економска состојба на нашата земја. Ваквиот пристап на Заев и Царовска со градење на кампови за бегалците и давање на државјанства на бегалците и мигрантите предизвика голема загриженост и несигурност кај граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
СПоред нив, со трајно населување на мигрантите на територија на Република Македонија може да отвори прашањето за безбедносната состојба на државата и сигурноста на граѓаните во земјата.