Постојат знаци на експлозија на остатоците од авионот кој падна, а во него се возеше полскиот претседател Качински

од Vladimir Zorba
70 прегледи

Владиниот подкомитетот на Полска за истрагата на несреќата на претседателскиот авион, која што се случи воо Смоленск соопшти за разултатите од своето последно истражување. Од полската комисија изјавија дека на остатоците на авионот во кој се наоѓаше претседателот Лех Качински, се откриени траги од експлозија.

Пресслужбата на Поткомитетот за истрагата на несреќата на Ту-154М: “Бројни нарушувања на левото крило на авионот Ту-154 носат карактер на траги од експлозија”. Во соопштението не се наведува дали се откриени траги од експлозиви.

Исто така, од комисијата не направиле претпоставки, од што може да е избувнала експлозијата, пренесува ТАСС. Во авионската несреќа во близина на Смоленск, што се случи на 10 април 2010 година, загина 96 лица. Меѓу жртвите беше претседателот на Полска Лех Качински.

Полската комисија која ја испитуваше несреќата ги претстави своите резултати во 2011 година. Причината за несреќата на авионот, според нејзината верзија, станало пдурата на спуштање односно авионот “се спуштил под минималната висина и при вонредна голема брзина во временски услови, кои не дозволувале спроведување на визуелен контакт со земјата”.

Исто така меѓу причините се споменати и грешки на екипажот – пилотот го игнорирал сигналот на системот за рано предупредување за судир со Земјата TAWS. Но, по неколку години во Полска одлучија повторно да ја истражат несреќата и беше формирана нов подкомитетот. Тековната комисија веќе ја претстави верзија на експлозијата на бродот. Но, никаква експертиза или истражување не ја потврди хипотезата за експлозија на Ту-154М.