(ВИДЕО) 1 милион лути припадници на Марати протестираа во Мумбаи

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Стотици илјади претставници на етничката група Марати одржаа грандиозен протестен митинг во Мумбаи во Индија. Меѓу другото, тие инсистираат на тешки квоти за работа и за образование.

Според податоците на телевизискиот канал NDTV, во маршот, кој на јазикот на марати е наречен “МУК морча” (децимален марш), имало околу 1 милион луѓе. Демонстрантите го почнаа маршот од Градината Џиџабаи, која е наречена во чест на мајката на Шиваџии, основачот на Маратхската империја во 17 век.

Како што се очекуваше, маршота заврши на плоштадот на Независност во Мумбаи. Потоа делегација од лидери на демонстрантите се упатија во канцеларијата на главниот министер на државата Давендра Фаднавис и му ја претставија листата на барања.

“Без разлика што тие се многу, фокусот ќе биде на квотите во образованието и при вработивање на припадниците на марати”, изјави еден од лидерите на протестот, поранешен главен министер на државата.

Самиот марш е дел од кампањата, покрената од претставниците на народот марати која започна точно пред една година, кога на 9 авугст 2016 година тие протестираа против силувањето и убиството на 14-годишно девојче. Обвинети се неколку лица од каста на “неприкоснови”.

Инцидентот доведе до меѓуопштествена тензија и беше почеток на серијата “молчаливи маршеви” со барање за фер судење за убиството и за потешки казни при слични групни силувања.