Турција ќе го ограничи протовкот на стоки освен за хуманитарни достави преку граничниот премин Баб ал Хава со Сирија затоа што сириската страна ја контролира „терористичка организација“, вели министерот за царина и трговија Булент Туфенгџи.

Минатиот месец, бунтовничкиот сојуз Хајат Тахрир ел Шам ја презеде контролата на границата и поголеиот дел од провинцијата Идлиб за време на неколкудневните жестоки битки со спротивставената група.
Овој сојуз го предводи огранокот на некогашната група Нусра фронт.
„Додека не заврши контролата на оваа група или додека не ослаби, контролата на границата ќе биде заострена и ќе биде воспоставен забавен премин на сите производи освен хуманитарна помош и храна“, рече Туфегџи на телевизијата “NTV”.
Додава дека Турција не увезува ништо од Сирија, туку само извезува стока.
Туфегџи вели дека ова прашање може да се реши во следните две недели.