Хрватските медиуми денеска пренсуваат дека Министерството за земјоделство во петок ги враќа цените на инспекцискиот надзор на овошјето и зеленчукот од трети земји на старата цена.

Во петок, Министерството за земјоделство ќе објави нов правилник за висината на накнада за увоз на овошје и зеленчук од трети земји, која требаше да изнесува 2.000 куни, на 90 куни. Претходната одлука на Хрватска предизвика жестока реакција кај земјите од регионот кои не се членки на ЕУ, кои најавија и сериозни противмерки.
Таа накнада пред измените изнесуваше 90 куни по камион, додека со измените беше зголемена на 2.000 куни, но по вид овошје или зеленчук. Сега повторно се враќа на цената од 90 куни, но по вид овошје или зеленчук, а не по камион.
Контролата на овошјето се уште отанува на сила, а секоја пратка која влегува во Хрватска мора да биде без штетници, овошјето мора да биде здраво и зрело.
Од петок повеќе нема да има блокади на границите, а ќе се анализира и цената на накнадата за инспекциски надзор во соработка со соседите заради заштита на потрошувачите.