Трансексуалци од Венецуела присилувани на проституција во Шпанија

од desk2
79 прегледи

Шпанската полиција во понеделникот разоткри мрежа на проституција во која трансексуалци од венецуела присилувала на проституција, откако ги намамувале да дојдат од Венецуела во Шпанија.

„Полицијата уапси 14 луше, а ослободи 24 жртви кои биле држени во апартмани во нехумани услови“, стои во изјавата на полицијата.

Жртвите мораже да вида на располагање 24/7 за клиенти на кои морале и да нудат различни видови дроги.
Мрежата ги наоѓале жртвите преку “Miss Trans” натпреварот што се одржува во Венецуела.

Жртвите не знаеле дека одат во Шпанија за да бидат проститутки, а биле залажувани со различни ангажмани.
Од мрежата најчесто им плаќале операции за импланти за гради или им го плаќале патувањето.

Но, штом же стигнеле нивните документи биле одземани и биле присилувани на проституција за наводно да го отплатат долгот ос 15.000 евра.
Една група од мрежата водена од Италијанец и Шпанец, ги држеле трансексуалците во апартмани во Барселона, а друга група ги водела проститутките во Палма де Мајорка.