Game of Thrones на HBO му носи милиони и од мобилната апликација

од desk2
99 прегледи

Мобилната апликација на HBO постави нов рекорд благодарение на најпопуларната светска серија Game of Thrones, пишуваат американските медиуми.


Апликацијата HBO Now веќе два дена по ред е прва апликација на App Store далеку пред Netflix, Tinder, Candy Crush и сите други апликации кои обично доминираат на листата.

Mashable наведув дека главна причина за тоа е новата сезона од Game of Thrones чија прва епизода HBO премиерно ја објави на 16 јули годинава.

Според податоците на аналитичката фирма Sensor Tower, на 16 август годинава американската кабелска и сателитска мрежа HBO на апликацијата заработила 2,6 милиони долари.

Само за потсетување, HBO лани на апликацијата заработи 1,9 милиони долари.