
Грчките дипломати изразуваат загриженост и го следат развојот на ситуацијата на Балканскиот полуостров , откако Србија го повлече целиот персонал на амбасадата во Скопје и ја обвини Македонија за “навредливата активност” и предизвикува гнев спрема подобрувањето на односите со соседот Косово – поранешна српска покраина пишува Екатимерини.
Спорот се случува во контекст на обновените напори на Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО по период на политички превирања.
Премиерот Зоран Заев формираше коалициска влада во јуни шест месеци по изборите. Грција настојува спор околу името на Македонија да биде решен пред балканската држава да и се приклучи на меѓународните организации.