Базенот на семејството Бекам со вода од тоалетот

од Vladimir Zorba
216 прегледи

Намерата на Дејвид и Викторија Бекам да изградат модерен селски имот во стил Арт Деко за над 7,7 милиони американски долари ќе се исполни откако управата на грофовијата Оксфордшир конечно им дозволи да изградат базен и дополнителни градби, соопшти Daily Mail.

Славното семејство планира да изгради еколошки базен, кој ќе се полни со прочистена вода и се користи во домаќинството, вклучувајќи ја оваа од тоалетот. Димензиите му се 12х7 метри и ќе биде длабок малку над 1 метар. За чистењето нема да се користат хемикалии, туку биофилтрационен систем.

Освен базени во замокот, семејството Бекам има намера да изгради градина со капија и сламени покриви на зградите во дворот.

Двојката го купи селскиот имот во декември 2016 година, но градежните активности одеа многу бавно, бидејќи беа под надзор на властите. Ѕвездите се надеваа дека ќе го преместат својот дом во Лос Анџелес до крајот на летото. Нивни претставници одбија да дадат коментар.